ССОС”Димитрија Чуповски, Велес


Средното училиште Димитрија Чуповски од Велес е вклучено во GLOBE програмата од септември 2006 година. Вкупниот број на ученици е околу 628 кои посетуваат настава од различни профили како на пример: здравствена струка, хемиска, прехрамбена, текстилна и металуршка.

За осовременување на практичната настава пореку проекртот за модернизација на училиштата набавен е спектрофотометар, кој биутно ја подобриува практичната настава во училиштето и GLOBE тимот ќе се залага за негово користење при обработка на GLOBE протоколите.

Од самиот почеток на имплементирање на програмата па се досега во училиштето се развива се поголема желба за нови осознавања, активности и развој. Првите месеци од вклучувањето се посветија на осмислување на метеоролошката станица, да се обележи просторот за мерната станица, да се намести опремата како и да се обучат учениците. До сега редовно се ќе работат протоколите од атмосфера, хидрологија и земјина покривка.

Најзначајно за наставниците вклучени во GLOBE програмата е фактот што таа е имплементирана во проектните активности на училиштето и што преку неа се успеа да се подиге свеста кај учениците, нивната мотивираност, како и желбата да работат на полето на заштита на животната средина.

Во спроведување на програмата активно се вклучени три професора и околу 20 ученици.

ccoc

Aктивности на учениците
1. Хидрологија
2. Атмосфера
3. Земјина покривка
4. Запознавање со GLOBE програмата

Настани и награди
60 години ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес