ОУ “Св. Кирил и Методиј”, Битола


Основното училиште “Св. Кирил и Методиј” – Битола е лоцирано во центарот на градот и гравитира во три месни заедници. Основната дејност на училиштето е воспитание и образование на ученици од 5,8 до 15 годишна возраст.
Со својата работа училиштето им овозможува на учениците да совладаат широк наставен план и програм кој го промовира нивниот: духовен, морален, ментален, демократски и физички развој. Моментално во училиштето се школуваат околу 450 ученици распределени во 22 паралелки, а се изведуваат неколку видови на настава и тоа задолжителна, изборна, факултативна, додатна и дополнителна.

Освен овие видови на настава во училиштето во тек се и повеќе проекти кои се изведуваат во рамките на слободните активности. Еден од тие проекти е и GLOBE кој во училиштето се изведува веќе 3 – та учебна година.

Во проектот се вклучени околу 40 – тина ученици од VII и VIII одделение кои одговорно ги извршуваат посатавените задачи и тоа според претходно утврдените протоколи за работа. Учениците редовно изведуваат мерења од областите атмосфера и хидрологија, а во тек е и припермата за почеток на мерењата од областа замјина покривка. Мерењата се изведуваат под раководство на обучени наставници и тоа: Елена Спасеновска – професор по биологија; Дениза Ивановска – наставник по Физика; Кристина Вељанова – професор по Хемија и Светлана Спировска – професор по Биологија.
Наставниците освен што редовно работат со учениците, ги поттикнуваат  и да ја развиваат научната мисла и смислата за набљудување и екпериментирање преку задавање на задачи во кои ги интегрираат мерењата со цел да дојдат до конкретни резултати.

Мерењата од областа атмосфера учениците ги изведуваат во околината на правило поставената метеоролошка куќичка, каде секојдневно вршат проверка на моменталната температура, максималната и минималната дневна температура, релативната влажност на воздухот, количеството врнежи и тоа дожд и снег и атмосферскиот притисок.

Мерењата пак од областа хидросфера се изведуваат во наменски опремена училница во која ги имаат потребните китови, апарати и помагала, а примерокот на вода го земаат од реката Драгор која тече непосредно до училишната зграда. На примерокот вода му ја одредуваат моменталната температура, pH, алкалноста, спроводливоста и количеството на растворен кислород.
Сите добиени податоци се испраќаат на GLOBE серверот од кабинетот по информатика кои заеднички го користат сите ученици, а во тек е оспособувањето на новиот GLOBE кабинет.

kirril

kirril1

Aктивности на учениците
1. Атмосфера
2. Хидрологија
3. Земјина покривка
4. Останати активности

Презентации
GLOBE – ОУ Св. Кирил и Методиј Битола
Ено – засадување на дрвца