ОУ “Гоце Делчев”, Ресен


„Гоце Делчев“- Основно училиште од Ресен, кое што опфаќа ученици од централното градско подрачје на Ресен и неколку села од околината. Вкупниот број на ученици во ова училиште изнесува 569, а работата ја извршуваат 40 вработени. Училиштето има двор од 600 m2, вклучувајќи спортски терен, училишен парк и зелени површини. Во училиштето работат голем број секции, меѓу кои една од најактивните е наречена Почитувачи на природата, составена од ученици од 5 до 8 одделение.

Активности на учениците

1.       Атмосфера

2.       Хидрологија

3.       Земјина покривка

Работа на ГЛОБЕ секцијата во О.У. “Гоце Делчев” – Ресен

Во основното училиште “Гоце Делчев” во Ресен веќе подолго време работи ГЛОБЕ секција, која брои триесетина ученици од VII-те и VIII-те одделенија, кои се активни членови и на еколошката секција од ова училиште.

Оваа секција работи еднаш неделно и тоа во среда, под раководство на наставничката по биологија Златка Головодовска.

Досега нашите активности во ГЛОБЕ-групата  воглавно беа сведени само на мерења што се вршат во делот од атмосферата, а тоа се:

  • еднаш дневно мерење на температура и тоа максимална (маџ), минимална (мин) и сегашна во времето од 12-14 h
  • забележуваме разни типови на облаци
  • облачноста.

Овие добиени параметри ги внесуваме еднаш неделно или месечно преку интернет до центарот за обработка на податоците на ГЛОБЕ, а тоа го правиме со помош на волонтерката од Мировниот Корпус од Америка, Ронда Стентон.

Понови информации во врска со активностите на нашето училиште во однос на животната средина во тек сме на подготовки за хидролошки мерења доколку ни се обезбедат средства за тоа.

Нашата секција ГЛОБЕ има одлична соработка со еколошкото друштво “Преспа” од Ресен. За денот на екологијата планирани се акции со сите ученици во општината со мотото “За чиста и здрава Преспа”. Ќе се чистат училишните дворови, одредени улици во градот, а исто така планирано е и со садници да се пошумуваат оголените терени во Преспа. Заедно дејствуваме и се разбира со тимска работа сме подобри.

Исто така членовите на ГЛОБЕ-секцијата учествуваат, а и во наредниот период ќе допринесуваат со свои лични творби, песни, раскази, еко-пораки и апели со цел да се подигне еколошката свест кај младите и воопшто кај населението.

И преку секојдневната настава се едуцираме за да бидеме покорисни со нашите активности и дела во секцијата ГЛОБЕ се со цел за поубава и почиста животна средина.

Ние сме свесни дека немаме резервна планета, па затоа ќе продолжиме да ја чуваме оваа која ја имаме и на која живееме.