СОУ “Орде Чопела”, Прилеп


Средното училиште Орде Чопела Прилеп од Прилеп е вклучено во GLOBE програмата од септември 2005 година. Вкупниот број на ученици е околу 850 кои посетуваат настава од различни профили како на пример: прехранбен техничар, техничар за очна оптика, ветеринарен техничар, техничар по фармерство, процесен техничар, техничар по хортикултура итн.

Иако постои своевидна разновидност на наставните планови во училиштето сепак GLOBE програмата која успешно се имплементира последните две години успеа да инволвира голем број од нив независно кој профил го изучуваат.

Од самиот почеток на имплементирање на програмата па се досега во училиштето се развива се поголема желба за нови осознавања, активности и развој. Првите месеци од вклучувањето се посветија на осмислување на метеоролошката станица, да се обележи просторот за мерната станица, да се намести опремата како и да се обучат учениците. До сега редовно се работат протоколите од атмосфера и хидрологија, со намера да се отпочне со протоколите за почва и фенологија.

Најзначајно за наставниците вклучени во GLOBE програмата е фактот што таа е имплементирана во проектните активности на училиштето и што преку неа се успеа да се подиге свеста кај учениците, нивната мотивираност, како и желбата да работат на полето на заштита на животната средина.

orde

Aктивности на учениците
1. Атмосфера - фотографии

2. Хидрологија - фотографии
Хидрологија –  постер

3. Земјина покривка

4. Астрономија- натпревар (април 2013)
Астрономија- натпревар (ноември 2011)

>>> Настани и награди

>>> Соработка со други училишта

Презентации
ГЛОБЕ – СОУ “Орде Чопела”, Прилеп