ДСУ “Орце Николов”, Скопје


Средното училиште на Град Скопје Гимназијата „Орце Николов“ е вклучено во Програмата GLOBE од септември 2005 година. Во училиштето учат 1117 ученици, распоредени во 35 гимназиски паралелки. Според програмата за работа на училиштето, покрај задолжителните и изборните содржини, учениците имаат обврска да исполнат фонд од 70 часа од слободни проектни активности. Во ова училиште, Програмата GLOBE се спроведува во рамките на проектните активности, со неделен фонд од два часа. Во активностите на GLOBE оваа учебна 2007/8 година се вклучени 30 ученици, кои работат во три групи.

Минатата учебна година во училиштето се вршеа мерења според GLOBE протоколите од две области - атмосфера и хидрологија под менторство на професорите Лилјана Јовановска и Виолета Толева,  а од септември оваа година стартувавме со активности од делот-почва, под менторство на професор Лилјана Коловска Џугуманова. Во училишниот двор (задната страна на зградата) е поставена метеоролошка куќичка со потребната опрема и мерни инструменти за успешно спроведување на мерењата кои се вредни информации за понатамошните активности. Групата – хидрологија врши мерења на водена подвижна маса во Градскиот парк кој се наоѓа непосредно до нашето училиште, а водата во езерата е вода од реката Вардар. Во нашето училиште постојат англиски билингвални паралелки кои имаат свои учесници во GLOBE проектот и кој многу помага во совладување на јазикот особено кај оваа популација ученици.

orce

Општи цели се:

  • Учениците вршат суштински еколошки мерења во училиштето и неговата блиска околина;
  • Ги пренесуваат нивните податоци преку интернет до центарот за обработка на податоци на GLOBE;
  • Учат преку следење на животната средина (клима, вода, почва и земјина обвивка);
  • Ги користат податоците за изработка на самостојни ученички и училишни истражувачки проекти и индиректно имаат можност да соработуваат со други училишта, научници и други GLOBE ученици во светот.

orce1

 

Aктивности на учениците

1. Атмосфера   фотографии
2. Хидрологија   фотографии
3. Земјина покривка

Презентации
ГЛОБЕ – ДСУ “Орце Николов”, Скопје