СОЗШУ”Ѓорче Петров”, Кавадарци

СОЗШУ “Ѓорче Петров” – Средно општинско земјоделско шумарско училиште “Ѓорче Птров” од Кавадарци е основано во 1945-46 година кога е формирана една шумарска паралелка во рамките на Дрвното Техничко училиште “Здравко Цветковски” од Скопје. Во 1956 година шумарската насока се префрлува во Кавадарци каде се формира средното земјоделско-шумарско училиште со две насоки – општа шумарска (две паралелки) и лозаро-винарска (една паралелка). Од 1965 до 1984 година училиштето се поделува и се оформуваат две училишта, шумарски училишен центар и лозаро-винарски училишен центар, кои во учебната 1983-84 година повторно се интегрираат.

Од работата на училишниот центар од 1965 година добиени се и оформени следните производни објекти за обавување на практична настава: Декоративен расадник; Оранжерија; Ботаничка градина; Работилница; Ниско стеблеста шума – “Љубаш”; Наставно-научна шума – “Михајлово”; Полигон за обука на шумарски работници, а по интеграцијата во учебната 1983-84 година изградена е нова зграда на училишниот центар од 2000 м2, работилница за дрво-преработувачка струка, машинаска работилница, обновени се оранжериите, преуреден е училишниот двор, асвалтирани се спортските игралишта, патеките и училишниот двор и започната е изградбата на објектот за теренска настава во месноста “Михајлово”.

Од 1992 година училиштето го носи називот СОЗШУЦ “Ѓорче Петров”. Училиштето како воспитно-образовна и стручна установа континуирано постигнува забележителни резултати во образованието, воспитанието и стручното оспособување на кадрите. Училиштето го посетуваат 716 ученика расподелени во 24 паралелки во четири наставни години, а во него работат 50 наставници, и се школуваат кадри од 4-ти и 5-ти степен стручна подготовка. Училиштето поседува и библиотека со книжен фонд од над 13 000 книги. Во училиштето се школуваат ученици од сите краишта на државата.
Во активностите од GLOBE програмата се вклучени 3 професори и 70 ученици, 50 од втора година и 20 од трета година. До сега редовно се работат протоколите од атмосфера, хидрологија и земјина покривка, со намера да се отпочне со протоколите за почва и фенологија.

gorce

Aктивности на учениците

1. Атмосфера  фотографии
2. Хидрологија  фотографии
3. Земјина покривка
4. Останати активности  фотографии

Презентации
ГЛОБЕ – СОЗШУ ”Ѓорче Петров”, Кавадарци