Настани и награди


Коференција на физичари

На 6-та Конференција на физичари, одржана од 14-17 септември, во Охрид, Стојан Манолев професор по физика од средното училиште “Гоце Делчев“ од Валандово, на физичарите од Македонија, ги претстави можностите и искуства од искористувањето на GLOBE мерењата во реализација на проектните активности во областа природни науки, во средното образование.

ДСУ “ Гоце Делчев“ од Валандово е членка на GLOBE мрежата од 1999 година и до денес учениците од ова училиште имаат направено 7229 мерења на еколошки параметри.

Повеќегодишното искуство во имплементацијата на оваа меѓународна програма му овозможи на професорот Манолев, на мошне сликовит и успешен начин да пренесе како со користење на GLOBE методологијата се менува улогата и на наставникот и учениците во образовниот процес. Имено, наставникот од предавач се трансформира во ментор, медијатор, водител, насочувач и обучувач на учениците во проектните активности, а на учениците им нуди можност да станат директни реализатори на проектниот циклус од негово планирање, откривање на проблеми (теми) како предмет на проучување, интердисциплинарна и интегрирана соработка, вовед во методологијата на истражување, на избор и најпосле и презентација на добиените резултати.

Презентацијата беше проследена со воодушевување, а апстракт од трудот е објавен кнага на апстракти.

Национален ученички истражувачки натпревар
По повод 22ри април Денот на планетата Земја, Министерството за животна средина и просторно планирање се вклучи во одбележувањето на овој Светскиот Ден кој годинава ја прославува 31 годишнина како и 6 годишнината од отпочнувањето на GLOBE Програмата, која претставува светска научна и образовна Програма која ја координира работата на учениците, наставниците и научниците од целиот свет.

За таа цел, на 23ти април 2001 година, во просториите на Канцеларијата за комуникација со јавноста во рамките на Македонскиот информативен центар за животна средина при МЖСПП, беше одржан Национален ученички истражувачки натпревар на проектот GLOBE.

На овој натпревар, активно учество земаа ученици од седум од деветте средни и основни училишта вклучени во Програмата. Тие преку истражување и прегледување на податоците, поставување на прашања и развивање на хипотези, како и преку развивање на методологии и анализи, со интерпретација, заклучок и комуникација се натпреваруваа со единствена цел популаризација и унапредување на глобалното учење и набљудување во полза на животната средина.

На натпреварот наградите ги освоија следните училишта:

Нико Нестор – прво место

Димитар влахов – второместо

Гоце Делчев Валандово-третоместо

Во текот на месец јуни 2000 година, учениците и наставниците од трите најактивни GLOBE училишта во Македонија: УСО “Нико Нестор” – Струга, ДСУ ” Гоце Делчев” – Валандово и О.У. “Пере Тошев” – с. Дупјачани, имаа можност да патуваат во Лабин, Хрватска каде присуствуваа на тродневна GLOBE конференција. Македонските учесници таму имаа можност да ги пренесат искуствата во однос на спроведувањето на програмата GLOBE во нашата земја како и да научат како хрватските ученици работат на програмата GLOBE.

valandovo3