СОУ “Наум Наумовски – Борче “, Пробиштип


СОУ “Наум Наумовски Борче” е средно училиште од Пробиштип  кое како индустриско училиште постои уште од учебната 1947/48 година. Училиштето го посетуваат околу 800 редовни ученици кои се распоредени во различни струки и профили. Поголемиот дел од учениците се вклучени во гимназиско образование, а останатите се распоредени во повеке струки од областа на машинството, рударството, геологијата и металургијата.

Со активностите од GLOBE Програмата започнавме во 1999 година, а почетните потешкотии во заживувањето на протоколите ги надминавме со помош на доброволецот од Мировниот корпус Хедер Малком, која дојде во нашето училиште истата година.

Во изминатите години беа обучени повеке ученици за работа со опремата која ја имаме добиено за спроведување на мерењата со тоа што секоја нова учебна година вклучуваме по десетина ученици од прва година. Како проблем во работата ни е немањето на компјутер за внесување на податоците и интернет конекцијата.

borceborce1

Активности на учениците

1. Атмосфера   фотографии
2. Земјина покривка  фотографии
3. Хидрологија  фотографии

Презентации
ГЛОБЕ – СОУ „Наум Наумовски Борче“ Пробиштип