ОСУ “Ацо Русковски”, Берово


ОСУ “Ацо Русковски” – е општинско средно училиште од Берово основано на 10 септември 1953 година. Денес ОСУ Ацо Русковски постои како гимназија со 20 гимназиски паралелки и 6 паралелки тексилно-кожарска струка. Во учебната 2007/2008 година редовна настава посетуваат 702 ученика во 26 паралелки, а воспитно-образовниот процес го изведуваат 52 професори.

Училиштето е вклучено во GLOBE Програмата уште од 2000 година и е едно од водечките училишта според досегашните мерења и испратени податоци во базата во САД. Моментално во GLOBE Програмата се вклучени активно 3 професори – ментори и 85 ученика кои се носители на сите еколошки збиднувања во училиштето и целокупната локална средина. Членовите на GLOBE во ОСУ ,,Ацо Русковски,, успеваат да го наметнат еколошкиот дух на сите 702 ученика, и со својата активност овие ученици се организатори на неделата на екологија 2008 на ниво на целата општина. Наставниците вклучени во GLOBE Програмата несебично се залагаат за реализација на бројни еколошки настани (пошумувања на голи ридови, засадување на цвекиња во градот, хидролошки мерења на води од различни извори, еколошки трибини).

GLOBE Програмата во ОСУ ,,Ацо Русковски,, во Берово е вклучена како редовна проектна активност во училиштето што е дополнителна мотивација за учениците да ја подигнат како својата така и еколошката свест на останатите ученици.

aco
Активности на учениците

1. Атмосфера фотографии
2. Хидрологија  фотографии

3. Земјина покривка
4. Останати активности  фотографии

Настани и награди

Презентации
ГЛОБЕ – ОСУ„Ацо Русковски“ Берово