СОУ “Гоце Делчев”, Валандово


СОУ “Гоце Делчев”, средно училиште од Валандово, мало градче во јужниот дел на Република Македонија, познато како аграрно подрачје.

Вкупниот број на ученици е околу 500 кои посетуваат настава од различни профили како на пример: гимазиска струка и земјоделско ветеринарна (лозаровинарски техничар и техничар за фармерско производство).

Иако постои своевидна разновидност на наставните планови во училиштето сепак GLOBE програмата која успешно се имплементира последните десет години успеа да инволвира голем број од нив независно кој профил го изучуваат.

Од самиот почеток на имплементирање на програмата па се досега во училиштето се развива се поголема желба за нови осознавања, активности и развој. Првите месеци од вклучувањето се посветија на осмислување на метеоролошката станица, да се обележи просторот за мерната станица, да се намести опремата како и да се обучат учениците. До сега редовно се работат протоколите од атмосфера и хидрологија, со намера да се отпочне со протоколите за почва и земјина покривка.

Најзначајно за наставниците вклучени во GLOBE програмата е фактот што таа е имплементирана во проектните активности на училиштето и што преку неа се успеа да се подиге свеста кај учениците, нивната мотивираност, како и желбата да работат на полето на заштита на животната средина.

Во  активното спроведување на опрограмата вклучени се четири професори и 10 ученици. Соработка со основното училиште во градот при изучување на областите: клима и атмосфера во нивните наставни програми.

valandovo

valandovo2

valandovo1

Активности на учениците

1. Атмосфера - фотографии
2. Хидрологија
3. Земјина покривка
4. Останати активности - фотографии

>>>Настани и награди

Публикации
>>>Весник „Сонце“ 

Презентации
>>>10 години GLOBE – Валандово