6-та Годишна Глобе Конференција за Европа и Евроазија

Македонија беше домаќин на 6-тата Годишна GLOBE Конференција за Европа и Евроазија. Настанот се одржа во Охрид од 1 до 6 јуни,каде учествуваа околу 70 учесници од 23 земји од Европа и Евроазија.

Официјално конференцијата ја отвориг-дин Неџати Јакупи, Министер за животна средина и просторно планирање, а на отворањето учествуваа и г-дин Никола Тодоров, Министер за образование и наука,Н.Е. Филип Рикер, Амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонијаи г- дин Александар Петревски, Градоначалник на Охрид. Ова високо ниво на присуство ја рефлектираше важноста на GLOBE активностите во Република Македонија и благородноста на GLOBE мисијата, нејзините цели и достигнувања.

Првите два дена од конференцијата беа наменети за координаторите од земјите членки на GLOBE програмата кои дискутираа за своите активности и планови, додека другите денови беа посветени на обука на GLOBE професорите со цел да се зајакнат капацитетите во постигнување на подобри резултати во едукацијата на учениците, што е и главна цел на оваа програма. Во обуката на GLOBE професорите, посебно внимание беше посветено на кампањата за климатски промени што е и главна тема на претстојниот GLOBE Самит на млади кој ќе се одржи во Холандија во 2012 година.

Агенда

Листа на учесници

Обраќања

• Обраќање на г-дин Неџати Јакупи, Министер за животна средина и просторно планирање
• Обраќање на г-дин Никола Тодоров, Министер за образование и наука
• Обраќање на Н.Е. Филип Рикер, Амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија

Презентации:

Среда
• GLOBE International

Четврток

• Fundraising
• Alcoa Foundation
• GLOBE Student Climate Research Campaign

Петок
• Urban Heat Island Effect

• Aerosols:
- Introduction
- Aerosols and climate
- Measurements
- Timeline

• Carbon Cycle (not available yet)
• Phenology (not available yet)

Сабота
• Soil erosion
• Water Buffalo
• GLOBE at night