Добро дојдовте на пролетното набљудување на дрвјата

Со доаѓањето на пролетта Глобе Програмата отвори нов предизвик за училиштата, за наставниците и за учениците без разлика на возраста. Дрвјата се убави и се разбудуваат секоја пролет. Погледнете ги убаво и следете го нивното будење, цветање, зазеленување се до паѓањето на нивните лисја со што влегуваат во зимскиот сон.

Не мора да сте членка на Глобе мрежата за да се вклучите во кампањата и да уживате во пролетното набљудување на дрвјата. Едноставно регистрирајте се на следниот линк http://globetree.eu и следете ги петте чекори кои ќе ве водат низ набљудувањето. Исто така, искористете ја можноста да соработувате и да ги споделувате своите видувања со училиштата од другите држави во светот.

ОУ “Димитар Миладинов” од Скопје под водство на професор Аида Петровска и ООУ „Даме Груев“ од Битола под водство на професор Митко Јанески го прифатија предизвикот.

Регистрирајте се, излезете надвор и гледајте го будењето на дрвјата!

Trees_are_beautifull