Соопштение за јавноста 09.12.2015 год.

Ве информираме дека на 10.12.2015г. (четврток), министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири ќе зборува на отварањето на почетниот состанок на проектот “Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на горивото“, кој треба да придонесе кон намалување на емисиите на СО2 од страна на транспортниот сектор (лесните возила) во Македонија, преку изработка на политики за економија на горивото.

Проектот се спроведува од УНЕП –ГЕФ во соработка со Регионалниот центар за животна средина – Канцеларија во Македонија, а главен корисник е Министерството за животна средина и просторно планирање кое заедно со рафинерија ОКТА го обезбеди националното кофинансирање на проектот.

Настанот ќе се одржи во Стопанска комора на Македонија, во сала 4, со почеток во 10:30 часот.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.