Соопштение за јавноста 04.12.2015 год.

Ве информираме дека министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, на 7 и 8 декември 2015 година ќе престојува во Париз каде ќе учествува во министерскиот дел на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP 21).

Во рамките на овој сегмент од светскиот Самит за клима се очекува дефинирање на финална верзија на документот со кој би се определиле обврските на државите после 2020 година во однос на намалувањето на емисиите на CO2.