Соопштение за јавноста 20.10.2015 год.

Ве информираме дека утре, на 21.10.2015г. (среда), министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири ќе се обрати наотворањето на конференцијата на тема: „Искористување на отпадот како инвестициска можност во Македонија“која ќе се одржи во х. Буши Ресорт и Спа, Стара Чаршија, Скопје.

Меѓународната годишна конференција е во организација на Македонската Асоцијација за управување со цврст отпад- МаСВА и во рамки на трите конференциски сесии ќе понуди интересен увид во најновите научни и технолошки достигнувања во доменот на Управување со отпад

Почетокот на настанот е закажан во 09:30 ч.,

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.