ИНФОРМАЦИЈА ДО МЕДИУМИ 02.10.2015

Македонија без отпад 2015 год.

Ве информираме дека заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски и градоначалниците на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски и на град Скопје, Коце Трајановски ќе се приклучат на централната акција од кампањата „Македонија без отпад 2015 г“, што ќе се одржи на 3-ти октомври 2015г. (сабота), во општина Ѓорче Петров на локација: патека покрај р.Вардар кај пешачкиот мост во близина на „Европската очна болница„. Изјави за медиумите ќе се даваат во 12:00 часот.

Акцијата која ќе започне во раните утрински часови е дел од националната кампања која се состои од активности за чистење на отпадот, едукација и промоција и ќе се реализира на целата територија на Република Македонија. Таа е дел од проектот „Македонија без отпад„ кој е одобрен од Владата на Р.Македонија, а се реализира од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со граѓанската асоцијација „Ајде Македонија“. Во неа веќе се вклучени поголем број на единици на локалната самоуправа со своите комунални претпријатија, невладиниот сектор, училиштата, а главниот акцент е ставен на собирање и правилно одложување на отпадот на одредени локации.

Со оваа кампања, граѓаните на Република Македонија се вклучуваат во глобалната акција – Let’s do it! World 2014, која е официјално поддржана од Европскиот Парламент и оваа година се одвива во 112 земји.

Ве покановаме со Ваши екипи, медиумски да го покриете настанот.