Соопштение за јавноста 30.09.2015 год.

Ве информираме дека министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири утре, 01.10.2015г. (четврток), на Екон Eлектрон ДОО ќе додели дозвола за колективен постапувач со отпад од електрична и електронска опрема.

Настанот ќе се одржи во просториите на „Сетек“ на ул. Рузвелтова бр.21, со почеток во 12.00 часот.

Ова е четврта дозвола која Министерството за животна средина и просторно планирање ја издава на колективен постапувач со отпад од електрична и електронска опрема во Македонија.

Ве покануваме со ваши екипи да присуствувате на настанот.