Соопштение за јавноста 18.09.2015 год.

Ве информираме дека, на 21.09.2015г. (понеделник), министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири ќе одржи работен состанок со градоначалниците на Источниот и Североисточниот плански регион.

На состанокот ќе бидат презентирани изработените документи и ќе се разгледуваат и дискутираат идните активности од областа на управување со отпад во регионите, со цел информирање на засегнатата јавност за реализацијата на ИПА проектите: „Подготовка на техничка и тендерска документација за затварање на диви депонии во Источниот и Североисточниот регион” и “Подготовка на технички спецификации за набавка на опрема за собирање и транспортирање на отпад во Источниот и Североисточниот регион”.

Состанокот ќе започне во 14:00 часот во во ЕУ инфо центарот во просториите на Делегација на Европска Унија.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.