Постапка за донесување на нов Закон за утврдување на цена на водни услуги

Министертвото за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на нов Закон за утврдување на цена на водни услуги. Овој закон се донесува заради воспоставување на финансиски самоодржлив систем на водни услуги, кој обезбедува висок стандард на дадените услуги со пристапна цена на населението во согласност со целите на Националната стратегија за води на Република Македонија и плановите за подрачјето на речен слив.