ОБЈАВА за изготвен извештај за соодветноста на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот – Пречистителна станица за отпадни води на територијата на Општина Кичево

Врз основа на член 86 став 1 и член 90 став 4 од Законот за животна средина (“Службен весник на Република Македонија” бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013и 42/2014) и член 4 од Правилникот за формата, содржината, постапката и начинот за изработка на извештајот за соодветноста на студијата за оценка на влијанието на проектот врз животната средина (“Службен весник на Република Македонија” бр. 33/2006), се известува јавноста дека Комисијата за изработка на извештајот за соодветноста на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за проектот – Пречистителна станица за отпадни води на територијата на Општина Кичево, врз основа на барањето на Секторот за ЕУ во МЖСПП, а за проектот финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош во рамките на Компонента 3 од Секторската оперативна програма 2007-2013 на 03.04.2015 година изготви

И З В Е Ш Т А Ј

за соодветноста на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот – Пречистителна станица за отпадни води на територијата на Општина Кичево, врз основа на барањето на Секторот за ЕУ во МЖСПП, а за проектот финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош во рамките на Компонента 3 од Секторската оперативна програма 2007-2013

Консултантска куќа која ја подготви Студијата за оцена на влијание врз животната средина “ДЕКОНС – ЕМА” ДОО од Скопје;

Лице за контакт: Менка Спировска – експерт за ОВЖС

моб: тел: 078 252 676 ; е-маил: m.spirovska@ema.com.mk;

Краток опис на предложениот проект:

Целта на Проектот е изведба на Пречистителна станица за отпадни води на територијата на Општина Кичево, заради подобрување на квалитетот на водите во сливот на реката Треска, како и подобрување на квалитетот на живот во Кичевскиот регион. Изградбата на пречистителната станица за отпадни води ќе овозможи пречистување на отпадни води од 32.000 еквивалент жители (А фаза) во првата фаза и од дополнителни 13.000 еквивалент жители (Б фаза) или вкупно 45.000 еквивалент жители во двете фази (А+Б).

Дополнителни информации можат да се добијат во Секторот за комуникација со јавноста ул. “IIIМакедонска бригада” бр.10а тел. 02 3 215 503 и Управа за животна средина зграда на МТВ бул. Гоце Делчев бр. 18, тел. 3 251 424 при Министерството за животна средина и просторно планирање како и на веб страницата на министерствoто, www.moepp.gov.mk