Информација за одржување јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Националната стратегија за биолошка разновидност со акциски план

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека јавната расправа по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Националната стратегија за биолошка разновидност со акциски план ќе се одржи на 7.04.2015 година (вторник), во Хотел Порта, ул. Владимир Комаров бб, Скопје со почеток во 12.00 часот.

 

Дневен ред

7ми април 2015 година

Хотел Порта,ул. Владимир Комаров бб (нас. Аеродром), Скопје

 

12:00 – 12:30 Регистрација на учесниците
12:30 – 12:45 Отворање на состанокот

Претставник од МЖСПП

12:45 – 13:00 Процес на ревизија на Националната стратегија за биолошка разновидност со акциски план

Академик Владо Матевски, тим лидер на проектот

13:00 – 13:20 Содржина на Националната стратегија за биолошка разновидност со акциски план

М-р Робертина Брајаноска, национален консултант за координација на проектот

13:20 – 14:00 Презентирање на извештајот за стратешка оцена за влијанието врз животната средина од имплементација на Стратегијата за биолошка разновидност со акциски план

Менка Спировска, Деконс Ема

14:00 – 14:30 Кафе пауза
14:30 – 15:30 Дискусија
15:30 – 16:30 Заклучоци и затворање на состанокот