ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на кандидати за полагање на стручен испит за чувар во Национален парк Пелистер

Врз основа на член 108 од Законот за заштита на природата (“Сл. весник на Република Македонија” бр. 67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13 и 41/14) и Правилникот за содржината на програмата за полагање на стручен испит за чувар во заштитено подрачје и начинот и постапката за полагање на стручниот испит (“Сл. весник на Република Македонија” бр.126/10) Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Јавен повик за пријавување на кандиидати за полагање на стручен испит за чувар во Национален парк Пелистер – Битола.

Стручниот испит за чувар во национален парк Пелистер го полага чувар, назначен од страна на Јавната установа Национален парк Пелистер-Битола.

Јавниот повик е со времетраење од 30.03.2015 година до 15.04.2015 година.

Во прилог е Програма за полагање на стручен испит на чувар во Национален парк Пелистер и Пријава за полагање стручен испит за чувар во заштитено подрачје

Пријавите за полагање на стручен испит на чувар во Национален парк Пелистер се доставуваат до архивата на Минситерството за животна средина и просторно планирање ул.Гоце Делчев бр.18 зграда на МРТВ, 10 кат.


КОМИСИЈА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ЧУВАР ВО НАЦИОНАЛЕН ПАРК – ПЕЛИСТЕР