Јавна расправа за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Стратегијата за животна средина и климатски промени (2014-2020) (нацрт)

Врз основа на член 69 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/08 и 45/11), Министерството за животна средина и просторно планирање организира

 

                                                                                         ЈАВНА РАСПРАВА

                                                                                                         за

Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Стратегијата за животна средина и климатски промени (2014-2020) (нацрт)

Се известува засегнатата јавност дека Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на проектот „FWC Корисници 2009 – Серија 6: Животна средина, Помош за изработка на стратегија за секторот животна средина и климатски промени (2014-2020) ИПА/TАИБ2009/4.2/СЕРИЈА6/05, подготви Нацрт-Стратегија за секторот животна средина и климатски промени (2014-2020) и Извештај за стратегиска оцена на животната средина од реализација на истата. Извештајот е достапен за јавен увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (од 12.01.2015-12.02.2015).

Во согласност со законските барања, а со цел да се постигне поголема транспарентност и вклученост на јавноста, Министерството за животна средина и просторно планирање на ден 28.01.2015 година (среда) во просториите на хотел „Stone Bridge“ во 11.00 часот, организира јавна расправа по Нацрт-Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Стратегијата за животна средина и климатски промени (2014-2020).

Се покануваат сите заинтересирани страни и граѓани да присуствуваат на закажаната јавна расправа.

Draft - Sector Environment and Climate Change Strategy (2014-2020)

НЕТЕХНИЧКО РЕЗИМЕ – ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА СТРАТЕГИЈАТА ЗА СЕКТОРОТ ЖИВОТНА СРЕДИНА И КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ (2014-2020)

ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА СТРАТЕГИЈАТА ЗА СЕКТОРОТ ЖИВОТНА СРЕДИНА И КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ (2014-2020)