Соопштение за јавноста 15.01.2020 год.

Во врска со член 2 од Наредбата за ограничување на увозот на супстанциите кои ја осиромашуваат озонската обвивка („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 92/10, 150/12) Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека количината за увоз на супстанции од Прилогот на горенаведената Наредба ќе биде ограничен на 19670 кг за 2020 година. Увозот на предметните супстанции ќе биде одобруван по принципот прв дојден – прв услужен.