Соопштение за јавноста 02.10.2019 год.

Интерпретација на измерените PM10 концентрации

Присутноста на концентрациите на суспендирани честички со големина до десет микрометри (РМ10) во амбиенталниот воздух се следи преку Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот, кој е составен од вкупно 18 мерни станици преку кои се мерат концентрации во интервал од еден час (near-to-real-time). Во автоматскиот систем на мониторинг, измерените часовни податоци се процесуираат, и како резултат на тоа се добиваат среднодневни податоци/концентрации.

Добиените вредности на измерените часовни концентрации за РМ10, согласно стандардите не се споредуваат со среднодневната гранична вредност за РМ10 (50 mg/m3). Таа вредност претставува дневна граница (не часовна), и служи за споредување со измерената среднодневна концентрација на PM10 за дадениот ден која се добива со пресметување на просечната вредност од измерените 24 часовни концентрации.

Праг за информирање и алармирање за РМ10

Во националното законодавство се дефинирани праговите за алармирање и информирање за случаеви кога суспендираните честички со големина до десет микрометри – РМ10 ја надминуваат граничната вредност.

Прагот за информирање се смета за надминат доколку 2 последователни дена среднодневната концентрација на РМ10 е 100 микрограми на метар кубен и е добиена прогноза за стабилна временска состојба од УХМР за наредниот период. Во тој случај се известува Државниот инспекторат за животна средина, Министерството за здравство, Институт за јавно здравје, Центар за управување со кризи, УХМР и Општината каде што е надминат прагот. Истото се објавува и на веб страната за квалитет на воздухот и се даваат препораки за заштита на здравјето на граѓаните.

Прагот за алармирање се смета за надминат доколку 2 последователни дена среднодневната концентрација на РМ10 е 188 микрограми на метар кубен и е добиена прогноза за стабилна временска состојба од УХМР за наредниот период. Во тој случај се известува Државниот инспекторат за животна средина, Министерството за здравство, Институт за јавно здравје, Центар за управување со кризи, УХМР, Министерство за труд и социјална политика, Општините каде што е надминат прагот,Сектор за односи со јавност на Влада на РМ, Сектор за односи со јaвност на Министерство за здравство и медиумите. Истото се објавува и на веб страната за квалитет на воздухот. Се даваат препораки и се имплементираат мерки за заштита на здравјето на граѓанитесогласно заклучоците од Нацрт – записникот од 40та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година.