Ќе се санира коритото на Липковска Река

8(13.11.2015г.) Денеска министерот за животна средина и просторно плнирање Нурхан Изаири и министерот за локална самоуправа Љирим Шабани ја посетија општина Куманово со цел да дефинираат активности, согласно ингеренциите, за решавање на актуелните проблеми со кои се соочуваат жителите на општина Куманово. Двајцата министри ја посетија локацијата во населба Дарданија или популарно викана „Кај бавџи“, каде што низ градот протекува Липковиска Река која со своето излевање од речното корито многу често е сериозна закана за жителите на оваа населба, а во исто време предизвикува проблеми и на автопатот.

По направениот увид на терен, во просториите на општина Куманово одржан е состанок на министерите, градоначалникот, членови на Советот на општината и пратеници и донесени се заклучоци за идните заеднички активности во правец на брзо решавање на проблемот со санација на речното корито на Липковска Река. За таа цел формирана е и мешана комисија која во наредните денови ќе ги координира активностите.

На оваа средба се зборуваше и за потребата и бенефитите од формирање на слободни економски зони во овој регион, а беше покренато и прашањето за решавање на проблемите околу обезбедување на соодветен простор за одвивање на образовните процеси за ученици од сите возрасти во општината.