Официјална средба на Министерот за животна средина и просторно планирање, г-дин Насер Нуредини со Заменик Амбасадор на Република Сојузна Германија во Република Северна Македонија г-дин Ото Граф

На 5 септември, 2019 година министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини одржа средба со Заменик Амбасадор на Република Сојузна Германија во Република Северна Македонија г-дин Ото Граф.

На средбата заменик Амбасадорот и министерот Нуредини разговараа за приоритетите и предизвиците од областа на животната средина и можностите за германска експертиза во делот на циркуларна економија. Заменик Амбасадорот покажа особен интерес за визиите на министерот Нуредини и истакна дека има огромен потенцијал за соработка во насока на транспарентноста и кредибилноста на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во заложбата за понатамошно развивање на соработката, министерот Нуредини се заблагодари на поддршката во изнаоѓање на одржливи и технолошко – иновативни решенија за Република Северна Македонија.