Yearly Archives: 2017

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

Почитувани, Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за следење на квалитет на воздух на ден 28.12.2017г., среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 200 mg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје, на мерните места Лисиче и Ректорат.Мерките донесени согласно заклучоците од Нацрт – записникот од 40та… Прочитај повеќе »

Соопштение за јавност 27.12.2017 год.

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеролошки работи, Ве информираме дека прагот на алармирање за PM10 (надминување на вредноста од 200mg/m3 во текот на два последователни денови)дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови … Прочитај повеќе »

Почна втората фаза за регулација на Липковска река

Денес во Липково, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, Постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон и градоначалникот на Општина Липково Еркан Арифи го одбележаа почетокот на градежните работи од втората фаза на проектот за регулација на Липковска река. Проектот е дел од заедничките напори на Министерството за животна средина и просторно планирање… Прочитај повеќе »

Академската заедница важен дел на научно засновани политики за справување со загадувањето на воздухот

Денеска на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се одржа форум со академската заедница за можностите за намалување на загадувањето на воздухот предизвикано од греењето во домаќинствата. Панелисти на Форумот беа заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, ректорот на Универзитетото Гоце Делчев од Штип Блажо Боев и проф. д-р Дејан Мираковски, а… Прочитај повеќе »

Започнува ЕУ проектот за подобрување на управувањето со заштитетните подрачја

Со одржувањето на воведната работилница и официјално започна проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“. Проектот има за цел да ја подобри заштитата на природата и да промовира одржливо користење на природните ресурси, истовремено зголемувајќи ги институционалните капацитети, капацитетите на локалните самоуправи и граѓанските организации за управување и промовирање на заштитените подрачја и природните ресурси… Прочитај повеќе »

Пречистителната станица за отпадни води ќе го врати биодиверзитетот на реката Струмица

(18.12.2017г.) Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки се обрати на свеченоста по повод промоција на проектот „Изградба на пречистителна станица за третман на урбаните отпадни води во Струмица“ и пушањето во употреба на постројката. – Ова е прва пречистителна станица што е изградена со средства на ЕУ и која директно придонесува… Прочитај повеќе »

„Езеро од јаболка“ повторно се закити со уште една награда

Топлата филмска приказна „Езеро од јаболка“ е прогласен за најдобар филм во категоријата „Екологија“ на меѓународниот филмски фестивал Green Montenegro International Film Fest (GMIFF) кој од 14 до 16 декември се одржа во Црна Гора. Филмот претставува приказна за успесите на петнаесетгодишниот проект за заштита на Преспанското Езеро кој се спроведува во партнерство на Министерството… Прочитај повеќе »

Активностите на министерот Дураки на првата меѓувладина седница на Македонија и Албанија

(15.12.2017г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки учествуваше на првата заедничка седница на Владите на Република Македонија и Република Албанија која што денеска се одржа во Поградец во Албанија. На седницата се разговараше на повеќе теми за унапредување на билатералната соработка, која што во областа животна средина е веќе потврдена како успешна… Прочитај повеќе »

Одржан прв состанок на министерите за животна средина во рамките на Енергетската заедница

На 14 декември, во Приштина се одржа 15-от министерски состанок на државите потписнички на Енергетската повелба каде се постави визијата за политиката за клима и енергија за периодот после 2020 година, каде учествуваше и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки. Ова е прво учество на министри за животна средина на министерски состанок… Прочитај повеќе »