55ти Состанок на работната група за стратегии и прегледи во рамките на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аеозагадувањето

Во период од 31 мај до 02 јуни 2017 година во Женева, во седиштето на Обединетите нации се одржa 55-от состанок на работната група за стратегии и преглед. Состанокот е организиран од Обединетите нации. На состанокот од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваше м-р Александра Несторовска-Крстеска. На работната група се дискутираше работниот план 2018-2019,… Прочитај повеќе »

МЖСПП:Стапуваат на сила препораките и мерките за надминат праг на алармирање на суспендирани честички ПМ 10 во Кичево и Струмица

Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање… Прочитај повеќе »

Работен состанок на Националните координатори за соработка со Еврoпската агенција за животна средина – ЕЕА

Oд 30.05.2017 до 01.06.2015 година во Копенхаген, Данска, се одржa редовен работен состанок на Националните координатори за соработка со Еврoпската агенција за животна средина. На состанокот учествуваше Ристо Јордановски, Асистент координатор за соработка со Европската агенција за животна средина. Согласно дневниот ред, се одржа редовниот состанок на Координаторите од Западен Балкан заедно со претставниците од… Прочитај повеќе »