Yearly Archives: 2014

Пуштен во употреба Систем за управување со отпадни води во Преспанско Езеро

Денес 27 декември 2014 год., во с.Наколец на брегот на Преспанското Езеро официјалното беше пуштен во употреба Систем за управување со отпадни води кои се вливаат во ПрепанскотоЕзеро.            Истиот е резултат на завршениот проект на Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Ресен со техничката поддршка на УНДП. Системот во употреба го пуштија… Прочитај повеќе »

Ќе се интензивира соработката со Кина во заштитата на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири оствари средба со кинескиот амбасадор во Р. Македонија, Н.Е. Cui Zhiwei, која имаше за цел меѓусебно информирање и координирање на заедничките активности во областа животната средина. Како заеднички став произлезе согласноста во најскоро време да се потпише на Меморандум за соработка меѓу двете држави во заштитата… Прочитај повеќе »

Средба на министерот Изаири со амбасадорот на Холандија во Македонија

Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, во просториите на Министерството, оствари работна средба со холандскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Питер Верхеен. На состанокот се разговараше за состојбите во заштитата на животната средина, а беа разгледани и можностите за унапредување на соработката и размена на искуства, како и координирање на заедничките активности… Прочитај повеќе »

Министерот Изаири оствари работна средба со Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Г-дин Замир Дика

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денес 18.12.2014 година (четврток) оствари работна средба со Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Г-дин Замир Дика при што се разговараше за унапредување на соработката помеѓу двете институции на полето на заштитата на животната средина. Темите на кој се посвети посебно внимание во заедничката соработка во… Прочитај повеќе »

Најмладите ќе ја чуваат животната средина – Еколошки квиз во Кавадарци

На 17.12.2014 год. во организација на општина Кавадарци, Фени Индустри и Еколошкото друштво „Тисовец“ од село Возарци се одржа првиот општински еколошки квиз, на кој учествуваа ученици од петто оделение од 6 основни училишта од Кавадарци.Како резултат на однапред спроведените училишни натпревари, беа селектирани најдобрите, кои како училишна репрезентација учествуваа на завршниот квиз во салата… Прочитај повеќе »

Преку изработка на студија до соодветно управување со отпадните води во Град Скопје

На 15.12.2014 год., Заменик Министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски учествуваше на Првата техничка работилница во рамките на проектот за изработка на Студијата за финансирање, изградба и работа на пречистителната станица за отпадни води во Град Скопје – Република Македонија, која се одржа во Град Скопје. Основната цел на работилницата беше да… Прочитај повеќе »

Средба на министерот Изаири со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија д-р. Christine D. Althauser

Денес, Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, во просторите на Министерството оствари работна средба со амбасадрката на Сојузна Република Германија во Македонија д-р Christine D. Althauser. На средбата се разговараше за состојбата во заштитата на животната средина, инфраструктурата и се разгледуваа можностите за продлабочување на соработката која што Сојузна Република Германија неколку… Прочитај повеќе »

Tрета јавна презентација на Планот за управување со сливот на Брегалница

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, швајцарскиот амбасадор во РМ,  Н.Е. Стефано Лазарото и градоначалникот на о. Кочани, Ратко Димитровски, се обратија на Третата јавна презентација на нацрт-планот управување со речниот слив на Брегалница, која денеска се одржа во Кочани. – Преку имплементација на овој проект се спроведува во 15 општини од… Прочитај повеќе »

КОНФЕРЕНЦИЈА: Управување со пакување и отпад од пакување – Како до исполнување на националните цели?

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири присуствуваше и се обрати на конференцијата на тема: „Управување со пакување и отпад од пакување – Како до исполнување на националните цели?“ која денеска се одржа во просториите на Стопанска комора на Македонија Конференцијата имаше за цел да ги идентификува состојбите, проблемите и предизвиците, како и… Прочитај повеќе »

Изаири: секое засадено дрво значи еден нов прочистувач на воздухот

Mинистерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на о. Дебар, Ружди Љата се вклучија во акцијата „Ден на дрвото–засадија својата иднина“ со засадување на садници на местото викано Бадем, близу Дебарското езеро. Поздравувајќи ја еколошката акција  „Ден на дрвото“, која се спроведува низ целата држава и која од година во година… Прочитај повеќе »