Featured Article

Конкурс за Распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2024, активен од 31 Јануари до 19 Февруари 2024 година

  Министерство за животна средина и просторно планирање ја известува јавноста дека  се објавува Конкурс кој произлегува од Програмата за инвестирање во животна средина за 2024 година  („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.12 од 18.01.2024 година). Во рамките на Конкурсот, се прикачени барања за распределување на средства и заинтересираните субјекти  треба да ги достават… Прочитај повеќе »

Featured Article

АПЕЛ до граѓаните

  Со оглед на екстремно високите температури и ниската влажност на воздухот кои креираат идеални предуслови за пожари, Министерството за животна средина и просторно планирање упатува АПЕЛ до граѓаните на Република Северна Македонија, одговорно да се однесуваат на отворено, со цел намалување на заканите од пожари што веќе беснееат во некои региони од државата. Посебно… Прочитај повеќе »

Featured Article

ЈАВЕН ПОВИК за регистрирање на здруженија на граѓани и фондации што делуваат во областа животна средина

Во интерес на подобра комуникација, плодотворна и ефикасна соработка со невладиниот сектор Министерството за животна средина и просторно планирање ги ажурира податоците и изработува Регистар на здруженијата на граѓани и фондации во Република Северна Македонија кои работат на полето на заштитата на животната средина и природата со посебен акцент на областа на интерес и делување…. Прочитај повеќе »

Featured Article

Нови закони од областа на управување со отпад

  З А К О Н ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ_ 17.09.2021 СЛ. ВЕСНИК БР. 216   З А К О Н ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПАКУВАЊЕ И ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ_ 16.09.2021 СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР.  215   З А К О Н ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕКОВИ НА ОТПАД_ 17.09.2021 СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 216   З А… Прочитај повеќе »

Featured Article

АПЕЛ за зголемена внимателност и сoвесно и одговорно однесување

  Министерството за животна средина и просторно планирање упатува АПЕЛ за зголемена внимателност и сoвесно и одговорно однесување, бидејќи во услови на екстремно високи температури што подолг временски период ја зафатија нашата земја и најмало невнимание може да биде причина за пожар што може да има катастрофални последици по здавјето на луѓето, природата и животната… Прочитај повеќе »

Оџаклиеска на Глобалниот форум за метан 2024 ги презентираше политиките за метан во РСМ

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска учествува на Глобалниот форум за метан 2024 кој од 18-21 март се одржува во Женева, Швајцарија. Форумот во 2024 година претставува врвен глобален настан кој ги обединува индустриските лидери за промоција на успесите од ублажување на метанот и овозможува преземање на активности со кои ќе… Прочитај повеќе »

Општините усвојуваат локални акциски планови за управување со отпад, како исчекор кон воспоставување на интегриран систем за управување со отпад

Четиринаесет партнерски општини во Пелагонискиот и Југозападниот регион успешно ги развија и одобрија своите локални акциски планови за управување со отпад (ЛАП), што е исчекор кон промовирање на Интегрираниот регионален систем за управување со отпад во државата. Овие планови, развиени од општините и технички поддржани од САЛАР Интернешенал (SALAR International), а со финансиска поддршка на… Прочитај повеќе »

Информација за достапност на Студија за оцена на влијание врз животната средина од имплементација на Проектот: “Ветерен Парк Кичево (35 МW)“ општина Кичево

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека врз основа на Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр.53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 42/2014, 44/2015 129/2015, 39/2016, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 89/22 и 171/22) инвеститорот “Кичево Винд“ ДООЕЛ од Скопје… Прочитај повеќе »