Категорија: Соопштенија

Постапка за донесување на нов Закон за утврдување на цена на водни услуги

Министертвото за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на нов Закон за утврдување на цена на водни услуги. Овој закон се донесува заради воспоставување на финансиски самоодржлив систем на водни услуги, кој обезбедува висок стандард на дадените услуги со пристапна цена на населението во согласност со целите на Националната стратегија за води… Прочитај повеќе »

Постапка за изменување и дополнување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување

Министерство за животна средина и просторно планирање започна постапка за изменување и дополнување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување, заради обезбедување поефикасна наплата на надоместокот за отпад од пакуавње и елиминирање на можноста за стекнување на поповолна положба на пазарот заради неплатениот надоместок.  

Соопштение за јавноста 27.04.2015 год.

Ве информираме дека на 28 април 2015г. (вторник), министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, шефот на Делегацијата на Европската Унија, H.E Аиво Орав, амбасадорот на Шпанија, H.E. Рамон Каранза и заменик шеф на мисијата во амбасадата на Холандија, Петер Ферхеиен ќе се обратат на отварањето на двата проекти финансирани од ЕУ: твининг… Прочитај повеќе »

Соопштение за јавноста 22.04.2015 год.

Ве информираме дека заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковскина 23 април 2015г. (четврток) ќе се обрати на завршниот настан во рамките на проектот “Воведување на еколошко означени туристички услуги”, што го спроведува Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ), со финансиска поддршка од Министерството за животна средина… Прочитај повеќе »

Соопштение за јавноста 16.04.2015 год.

Ве известуваме дека на ден 17.04.2015г. (петок) министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, заедно со постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон, регионалниот директор на УНДП, Џихан Султаноглу, амбасадорот на Шведска, Матс Стефансон, директорот на УСАИД, Џејмс Штајн и деканот и лидер на центарот за социјални иновации, Димитар Трајанов ќе го отворат Кампот… Прочитај повеќе »

ПРОГРАМА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ПРИРОДАТА ВО МАКЕДОНИЈА ОБЈАВА НА ЈАВЕН ПОВИК (РЕФ. БР. 11-3562/1, 15.04.2015) ЗА ИЗРАБОТКА НА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА

Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија (МЖСПП) ги поканува заинтересираните компании да достават понуди за изработка на Национална Стратегија за заштита на природата. Краен рок за аплицирање е 08.05.2015 година до 15:00 часот СИМНИ ГО ДОКУМЕНТОТ: ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЈАВЕН ПОВИК Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект координиран од… Прочитај повеќе »

Објава на решени со кое се дава Согласност на барањето за спроведување на проектот: Пречистителна станица за отпадни води на територијата на Општина Струмица

Врз основа на член 87 став 1 и член 90 став 1 точка 5 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013 и 42/2014), Министерот за животна средин и просторно планирање на ден 08.04.2015 година донесе Решение со кое се дава Согласност… Прочитај повеќе »

Соопштение за јавноста 07.04.2015 год.

Ве известуваме дека на ден 08.04.2015г. (среда) министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири ќе престојува во Приштина каде ќе оствари работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање на Република Косово, Ферид Агани. На средбата ќе се дискутира за унапредување на билатералната соработка во областа на прекугранично управувањесо водите, на… Прочитај повеќе »

ОБЈАВА за изготвен извештај за соодветноста на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот – Пречистителна станица за отпадни води на територијата на Општина Кичево

Врз основа на член 86 став 1 и член 90 став 4 од Законот за животна средина (“Службен весник на Република Македонија” бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013и 42/2014) и член 4 од Правилникот за формата, содржината, постапката и начинот за изработка на извештајот за соодветноста на студијата за оценка… Прочитај повеќе »

Информација за одржување јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Националната стратегија за биолошка разновидност со акциски план

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека јавната расправа по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Националната стратегија за биолошка разновидност со акциски план ќе се одржи на 7.04.2015 година (вторник), во Хотел Порта, ул. Владимир Комаров бб, Скопје со почеток во 12.00 часот.   Дневен… Прочитај повеќе »