Состанок од Експертска мисија за имлементација на директивата NEC 2016/2248 во областа на емисии од транспортот

TAIEXlogoНа 22.09.2020 година на WebEx, се оддржа почетен состанок од Експертска мисија за имлементација на директивата NEC 2016/2248 во областа на емисии од транспортот. На состанокот од Македонскиот информативниот центар за животна средина присуствуваа: м-р Александра Несторовска-Крстеска – Советник и м-р Мартина Спасовска – советник.
Тие работат на проблематиката на емисии во воздухот од сообраќај во рамките на Националниот инвентар за емисии на загадувачки супстанци во воздухот согласно барањaта на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадување и протоколите кон неа. На состанокот беше дискутиран начинот на спроведување на експертската TAEIX мисија во времетраење од 15 дена како и состојбата со податоци од областа на патничкиот сообраќај и применетата методологија на пресметка на емисиите од овој сектор во рамките на инвентарот.
Приота беше одлучено ангажираниот TAEIX експерт да направи гап анализа и препрораки за доставените податоци по што ќе следи обука за примена на моделот COPERT V за пресметка на емисии од патнички сообраќај користејќи ја серијата на податоци за период 2005-2019 година.