Ќе се изработува стратегија за идентификација на локација контаминирана со жива и ќе се тестира во ОХИС

  • Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Канцеларијата за POPs, пристапува кон изработка на национален имплементационен план за редукција и елиминација на жива, пред се на една пилот локација во историскиот ОХИС, а потоа и на ниво држава – истакна министерот Нуредини во обраќањето на воведниот настан  од проектот  за „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за идентификација на локација контаминирана со жива “.

Ќе се изработува стратегија за идентификација на локација контаминирана со жива и

Минамата конвенцијата за жива ја потпишавме во јули 2014 година, а во 2020  година со Законот за ратификација ја ратификувавме и со тоа станавме полноправна членка на овој меѓународен договор. Целта на Конвенцијата е да придонесе кон минимизирање на штетните ефекти на живата врз животната средина и здравјето на луѓето, како во национални  и регионални, така и во глобални рамки.  

17

Имајќи го предвид мултисекторскиот аспект на примената и присуството на живата во сите сфери на човековото живеење (индустрија, здравство, економија, финансии,  земјоделство, наука, невладин сектор), соработката помеѓу сите релевантни чинители во земјата е клучна и треба да придонесе кон успешно реализирање на предвидените активности на проектот. Таквата соработка ќе обезбеди  квалитетна база на податоци како  појдовна основа за дефинирање на конкретни акции што ќе бидат преточени во национален имплементационен план за редукција и елиминација на жива во земјата. Живата е исклучително опасна по здравјето на луѓето и животните и бара разработен стратешки пристап за идентификација  на контаминиран терен.

 IMG_20221020_115331

Изработката на Стратегија за идентификација на локација контаминирана со жива и нејзина практична примена на избрана пилот локација во поранешниот гигант Охис е финансиски поддржана од Фондот на специфичната меѓународна програма на Минамата конвенцијата во рамките на Програмата за животна средина на Обединетите Нации (УНЕП) .

Министерството за животна средина и просторно планирање активно работи на спроведување на повеќе глобални договори поврзани со управувањето со хемикалии во текот на целиот нивен животен циклус. Северна Македонија е потписничка на повеќе мегународни договори со кои се уредува и олеснува безбедното справување со опасните хемикалии, прекуграничното пренесување на опасен отпад и негово складирање, како што се Монтреалскиот протокол, Стокхолмската, Ротердамската и Базелската конвенција и низа други не помалку важни меѓународни иницијативи.