Јапонија е заинтересирана за споделување искуства и инвестирање во напредни технологии за заштита на животната средина

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари прва протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во нашата држава Н.Е. Оцука Казуја.Sredba_Sukova_ambasador_Japonija

На средбата се разговараше за областите на животната средина што се од заеднички интерес и можностите за развивање на соработката.

Министерката Шукова го информираше амбасадорот Казуја за активностите на Министерството и посебно за ЕУ интегративните процеси и кластерот животна средина и клима.

Како тема на разговор беше отворено прашањето за состојбите со Охридското Езеро, колекторскиот систем и прочистувањето на отпадните води. Амбасадорoт Казуја искажа интерес за поддршка во заштитата на екосистемот на Охридското Езеро како светско добро, преку размена на искуства, пристап и примена на иновативни технологии особено во прочистување на отпадните води што се слеваат во Охридското Езеро.

Од страна на амбасадорот Казуја беше претставен и Заедничкиот кредитен механизам како билатерален ангажман на Владите на Северна Македонија и Јапонија со кој е отворена можност за инвестирање на јапонските компании од енергетскиот сектор и примена на најсовремени јапонски технологии за редукција на Со2 емисии, а беше навестен и интерес на конкретена компанија за инвестирање во фотоволтаични системи.