Шукова: Со помош на ЕБОР понудени можни решенија за енергетска ефикасност за 13 пречистителни станици Со оптимизација и модернизација постои вкупен потенцијал за заштеда на енергија за повеќе од 9.400 MWh и намалување на емисиите на СО2 повеќе од 16.000 тони на годишно ниво

На денешниот состанок на претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање, Европската банка за обнова и развој и дел од општините во државата беа презентирани можни решенија за енергетска ефикасност за 13 пречистителни станици за отпадна вода во Северна Македонија, изработени во рамки на Студијата за пред – изводливост финансирана од ЕБОР.

Шукова: Со помош на ЕБОР понудени можни решенија за енергетска ефикасност за 13 прочистителни станици  Со оптимизација и модернизација постои вкупен потенцијал за заштеда на енергија за повеќе од 9.400 MWh и намалување на емисиите на СО2 повеќе од 16.000 тони на  годишно ниво„Изградба и функционирање на прeчистителните станици се обврска. Не треба да размислуваме дека нивното одржување значи значителен трошок, туку мора да размислуваме како нивната работа да биде поефикасна и како да ги намалиме трошоците“, истакна министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во поздравното обраќање. При тоа таа изрази задоволство од пројавениот интерес и заложба и од страна на општините, потенцирајќи дека за овие процеси да бидат добри мора да се градат партнерства и да се работи заеднички.

„МЖСПП е тука да ги креира политиките, но исто така тоа е подготвено и да помага во спроведување на истите“ додаде Шукова, нагласувајќи дека МЖСПП веќе има формирано тим што е посветен на оваа работа.

20230424_110820Имено, Министерството за животна средина и просторно планирање  и Европската банка за обнова и развој  на почетокот на 2021 година, започнаа процес на изнаоѓање на енергетски ефикасни решенија за подобрување на оперативните трошоци и работењето на пречистителните станици за отпадни води во Северна Македонија, при што беше  ангажиран независен консултантски тим, финансиран од ЕБОР. Тимот имаше задача да ги истражи и идентификува потенцијалните можности за користење на енергетски ефикасни решенија и обновливи енергетски системи на 13 пречистителни станици за отпадни води  во Северна Македонија, при што се изготви предфизибилити студија и финален извештај, според кој со примена на енергетски ефикасни мерки и имплементација на адекватни обновливи енергетски системи, вклучувајќи и дополнителна оптимизација и модернизација на процесот, постои вкупен потенцијал за заштеда на енергија повеќе од 9.400 MWh годишно и намалување на емисиите на СО2 повеќе од 16.000 тони годишно.

20230424_110915За таа цел, на состанокот експертскиот тим на ЕБОР ги презентираше добиените резултати од изработената предфизибилити студијата  и идентификуваните предлог мерки за унапредување на ефикасноста на функционирањето на ПСОВ во Република Северна Македонија. Присутните претставници од Општините/Коминалните пртпријатија од Прилеп, Кочани, Македонски Брод, ЈП Колекторски систем Скопје (надлежен за Охрид и Струга), Струмица, Гевгелија, Дојран, Куманово, Ресен, Радовиш и Берово имаа свои излагања за моменталната состојба на работењето на пречистителните станици, проблемите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат, како и предлог мерки и начини за надминување и унапредување на работењето.