Швајцарија е една од поголемите поддржувачи на нашата држава во делот на заштита на животната средина и природата

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова  оствари работна средба со швајцарската амбасадорка Вероник Улман на која разговараа за актуелни прашања поврзани со заедничките проекти.

Швајцарија е една од поголемите поддржувачи на нашата држава во делот на заштита на животната средина и природата. Стана збор за две теми. Се разговараше за дополнителните средства што ги додели Швајцарија и најавените средства од  МЖСПП за целосно имплементирање на големиот повеќегодишен проект за подобрено водоснабдување на Делчево.

Швајцарија е една од поголемите поддржувачи на нашата држава во делот на заштита на животната средина и природатаИсто така се отвори дискусија за предизвиците со кои се соочува регионалното јавно претпријатие Русино во обезбедување на ефикасно управување со регионалниот систем и со депонијата во Русино. Како приоритет се спомена потребата од воспоставување на  одржливо финансирање на регионалниот систем за управување со отпад и депонијата што бара зголемена наплата на сметките за услугите за собирање и депонирање на отпад за да може да системот соодветно да функционира.

Оваа  одговорност e на секој жител во државата, а одговорноста за функционирањето на веќе воспоставената инфраструктура е одговорност не само кон самите себе, туку и кон донаторите што ги вложиле средствата собрани од граѓаните од нивните држави.