Средба со претставници на УНОПС

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари работна средба со директорката на Канцеларијата на  УНОПС во Србија за повеќе земји Михела Телатин, придружувана од партнерскиот советник на УНОПС за Северна Македонија Џиани Волпин и поектниот соработник во Канцеларијата на УНОПС во Скопје, Александар Владичевски.

Средба со претставници на УНОПСНа средбата се разговараше за досегашните партнерски активности меѓу МЖСПП и УНОПС, особено во делот на чистењето на малата депонија во Охис од историскиот опасен отпад, како и за можноста соработката да се продолжи и во други области. Во делот на чистењето на ОХИС се разговараше за можностите за понатамошна вклученост на УНОПС и во чистењето на другите лотови од депонијата, а како можни области за соработка беше спомената соработката во рамки на Секторската оперативна програма 2024-2027 година, како и проектите планиарани во GEF 8 Програмата, фокусирана на областите биодиверзитет, климатски мпромени и деградација на земјиштето.