Средба со МЕД – Заштититата на животната средина е можна само преку силни партнерства и заедничко делување

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска ги прими претставниците на Македонското еколошко друштво (МЕД) како еден од најголемите партнери на Министерството во заштитата на природните вредности во државата. На состанокот се рaзговараше за тековните и за идните планирани активности на МЕД, како и за областите каде може и треба да се интензивира заедничкото партнерско делување.

Средба со МЕД - Заштититата на животната средина е можна само преку силни партнерства и заедничко делување

Средба со МЕД – Заштититата на животната средина е можна само преку силни партнерства и заедничко делување

Се разговараше за статусот на заштитените подрачја Осоговски Планини и Малешево во чиј процес на прогласување МЕД беше активен партнер и за тоа каде и каква поддршка им е потребна за воспоставување на одржливо управување со овие природни ресурси и национални природни вредности. Се зборуваше и за состаојбата во националните паркови, пред се НП Маврово и Студијата за ревалоризација во чија што изработка се вклучени МЕД.Посебен фокус се стави на активностите за идентификација на Натура 2000 мрежата на национално ниво, што МЖСПП ги спроведува во соработка со МЕД. Програмата за градење капацитети за имплементација на мрежата на Натура 2000 е еден од приоритетите на Министерството во процесот на заштитата на животната средина и забрзување на евроинтегративните процеси. Се нагласи и потребата од вклучување на младите и градење на капацитетите за Natura 2000 MK мрежата.