Средба на министерката Шукова со заменик директорот на Енергетската заедница д-р Дирк Бушл

Декарбонизацијата и зелениот раст и развој беа во фокусот на разговорите на денешната средба на министерката  за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и заменик директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница д-р Дирк Бушл. На средбата беше даден преглед на досегашната соработка со заедницата, при што се направи особен осврт на идните обврски и очекувања од државата и од Министерството во реализацијата на министерските одлуки во делот на декарбонизацијата и зелениот раст и развој.

Средба на министерката Шукова со заменик директорот на Енергетската заедница д-р Дирк Бушл

Беше разгледан степенот на спроведеност на барањата во делот на законодавството од животната средина и оценката на влијанието на проектите врз животната средина и директивата за одговорност,а се разговараше и за идните барања во транспозицијата и имплементацијата на регулативата за заедничко енергетско и климатско управување.

Состанокот заврши со реафирмација на заедничките напори и взаемната соработка за обезбедување на целите од Патоказот за декарбонизација на Енергетската заедница.