Состанок со Светска Банка за ризиците од климатските промени кои влијаат на финансискиот сектор

Државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, денеска одржа работна средба со претставници на Светската Банка на која се разговараше за ризиците предизвикани од климатските промени кои влијаат на финансискиот сектор и капацитетите на институциите за управување со овие ризици, како и капацитетот на секторите за зелени инвестиции.

svetska banka

На состанокот државниот секретар информираше за активностите кои Министерството ги спроведува во делот на намалување на емисиите на стакленичките гасови и справување со негативните последици од климатските промени.

svetska_banka

Во текот на дискусијата, беше истакната важноста на препознавањето на климатските ризици за финансискиот систем, и на иницијативите и активностите коишто треба да ги преземаат институциите во однос на следењето и управувањето со ризиците од климатските промени.