СООПШТЕНИЕ за начинот за полагање за испитот за управител со отпад

Ги информираме сите потенцијални кандидати за полагање на испитот за управител со отпад дека испитот ќе се организира во две испитни сесии: октомвриска и априлска сесија.

Огласот за полагање на испитот ќе биде навремено објавен на веб страницата на Министерството, најмалку 15 дена пред отпочнувањето на испитната сесија и тоа во првото тримесечје на месец март 2023 година.

Испитот за управител со отпад се полага во 2 дела: теоретски и практичен дел (со растојание од најмалку 15 денови помеѓу двете полагања).

Сите потребни информации во врска со полагањето на испитот за управител со отпад се содржат во следните документи и истите може да ги најдете на веб-страницата на МЖСПП:

  1. Услови кои кандидатот треба да ги исполнува за полагање на испитот за управител/виш управител со отпад
    1. Правилник за начинот на полагање на стручниот испит за управување со отпад, образецот на уверението и сертификатот, како и висината и начинот на плаќање на надоместокот за полагање на стручниот испит
    2. Програма за полагање на стручен испит за управител/виш управител со отпад
    3. Регистар на правни лица овластени за вршење на обука за полагање на испитите за управител и виш управител со отпад
    4. Образец – Барање за полагање за испит за управител/виш управител со отпад