Потврдена посетата на генералниот потсекретар на Обединети нации и извршен директор на УНЕП Ингер Андерсен на нашата држава

На денешниот состанок со делегацијата на Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) од проектната канцеларија во Виена предводена од Соња Геберт со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и претставници на МЖСПП  беше потврдена плодната сработка меѓу овие две институции, а се разговареше и за статусот на реализација на тековните проекти и плановите за идните заеднички активности.
Потврдена посетата на генералниот потсекретар на Обединети нации и извршен директор на УНЕП Ингер Андерсен на нашата држава

Потврдена посета на генералниот потсекретар на Обединети нации и извршен директор на УНЕП Ингер Андерсен на нашата држава

Се разгледа имплементација на проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето преку зајакнување на правната и институционална рамка, градење капацитети и реставрација на најранливите планински предели и подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ имплементирана во Северна Македонија и разговараше и за проектот што допрва треба да започне „Зајакнување на капацитетот и знаењето за примена на интегриран пејзажен пристап за постигнување неутралност за деградација на земјиштето и целите за биолошка разновидност во Шар Планина во Северна Македонија“.
Акцент во разговорите беше ставен на координација и дефинирање на агендата за посета на генералниот потсекретар на Обединети нации и извршен директор на УНЕП Ингер Андерсен, која од 31 мај до 1 јуни ќе престојува во работна посета на нашата држава.
Оваа е прва посета на висок претставник на УНЕП во нашиот регион и е одговор на поканата упатена од страна на нашата делегација за време на учеството на 15-тиот состанок на Конференцијата на страните на Конвенцијата на ОН за биолошка разновидност (CBD COP15) во Монтреал.