Оџаклиеска: Континуиран мониторинг на промените во природата е основа за креирање на одржливи политики

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска, во Ресен говореше на Завршниот настан со засегнатите страни за мониторинг и конзервација на преспанската пастрмка, кој се одржа во рамките на Проектот: „Мониторинг и конзервација на ендемската и загрозена пастрмка (Salmo peristericus) во Националниот Парк Пелистер и Преспанскиот регион {Monitoring and Conservation of Endemic and Endangered Trout (Salmo peristericus) in National Park Pelister and Prespa region} “. 

Оџаклиеска Континуиран мониторинг на промените во природата е основа за креирање

Во своето обраќање Заменик министерката Оџаклиеска истакна дека научниот придонес во следењето на промените во природата овозможува креирање на одржливи решенија и носење на одлуки во интерес на подобра и посеофатна заштитата на природата. Воедно сметам дека, меѓуинституционалната соработка е многу значајна при дефинирање и преземање на соодветни чекори од сите засегнати страни, за кои заштитата на природата и подобрувањето на состојбата во заштитените подрачја мора да биде врвен приоритет. 

Проектот е финансиран од PONT (Prespa Ohrid Natuture Trust) и CEPF (Critical Ecosystem Partnership Fund), а имплементатор на проектот е Балканска Фондација за Одржлив Развој” (БФОР) во соработка со „Екосвест”, официјален парнер на WWF Adria”.

Главната цел на проектот  е подобрување на  статусот на  популација  на ендемската и загрозена пастрмка (Salmo peristericus) преку заштита, мониторинг и конзервација во Националниот парк Пелистер и регионот на Преспа.

Ефикасната координација помеѓу партнерите на проектот и засегнатите страни, придонесе во подготовка на Акционен План за конзервација на Преспанската пастрмка врз основа на проценката на статусот на популацијата. Исто така, проектот придонесе во подобрена програма за долгорочен мониторинг на Преспанската пастрмка, придружен со градење на капацитетите на персоналот на Националниот Парк „Пелистер”, општината Ресен, надлежните Министерства, научно-истражувачките институции, невладините организации и другите засегнати страни.

На настанот свое учество земаа и Директорот на ЈУНП „Пелистер“ Осман Шукриу,  Градоначалникот на Општина Ресен  Јован Тозиевски, експерти од повеќе домашни научни институции и факултети,како и претставници од Граѓанскиот сектор.