ОЏАКЛИЕСКА: Заштита на природата преку одржливо управување со шумите

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска во просториите на Клубот на пратениците, учествуваше на Четвртата сесија на Работната група V – Животна средина (Поглавје 27) на Националната Конвенција за ЕУ во РСМ, која се одржа на тема: „Заштита на природата преку одржливо управување со шумите“.

ОЏАКЛИЕСКА Заштита на природата преку одржливо управување со шумите

МЖСПП како ресорно министерство, шумите ги препознава како природно богатство и во таа насока активностите се насочени кон ревалоризација на вредностите во постојните заштитени подрачја и прогласување на подрачјата кои се предлагаат за заштита. Преку соработка со научни институиции и експерти, во тек се интензивни активности за идентификација на природни живеалишта, растителни и животински видови и птици, кои се од значење за државата и за ЕУ, со цел да се утврдат и воспостават потенцијални „Натура 2000 “ подрачја.
IMG_20220623_175656
- Одржливото пошумување и обновување на деградираните шуми може да ја зголеми абсорпцијата на CO2, истовремено подобрувајќи ја отпорноста на шумите и промовирајќи ја циркуларната био-економија, при што од голема важност е да се почитуваат еколошките принципи кои се погодни за одржување на биолошката разновидност. Природните ресурси не се неисцрпни, а природата е подложна на штетни влијанија од човековите активности и доколку не се грижиме за неа, таквата негрижа негативно ќе се одрази на сите нас. Последиците имаат различни лица. Да се потсетиме на светската пандемија, на поплавите што се резултат на дивата сеча на ерозивни подрачја, на пожарите кои минатата година уништија голема шумска површина, која беше живеалиште на многу ретки и ендемични растителни и животински видови. Затоа заеднички работиме преку спроведување на политиките на национално ниво, да придонесеме за зачувување и обновување на природните вредности во нашата земја – истакна Оџаклиеска.
IMG-c789b710f4de0d6bb2eb6f304e9f83de-V
На состанокот се обратија и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини, амбасадорот на Европската Унија во РСМ Дејвид Гир, амбасадорот на Словачката Република Хенрик Маркуш, претседателот на Центар за климатски промени Бојана Станојевска-Печуровска, претставници од ЈП „Национални Шуми“, како и професори од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“.