ОЏАКЛИЕСКА: Задоволна сум од соработката во рамки на Платформата за еколошка правда

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска  во просториите на Македонската Академија на Науки и Уметности (МАНУ), учествуваше на редовниот состанок на „Платформата за еколошка правда” која со својата активна работа придонесува за реализирање на целите за поздрава животна средина и подигнување на свеста за животната средина на сите нивоа на спроведување на политиките во нашата држава.

ОЏАКЛИЕСКА Задоволна сум од соработката во рамки на Платформата за еколошка правд

Во своето обраќање, Оџаклиеска потенцираше дека животната средина бара интегриран пристап, бидејќи аспектите на животната средина секогаш се испреплетени и меѓузависни со економските и социјалните аспекти од секојдневното функционирање на општеството во целина. 

IMG-d7ed9c6256141e4c8dbab6e98f5c4320-V

Како особено важна, заменик министерката Оџаклиеска ја нагласи улогата на добрата законска регулитива што преку транспонирање на европското законодавство и примена на законските решенија во пракса несомнено ќе овозможи подобра контрола на емисиите на загадувачките материи во животната средина. При тоа, Оџаклиеска информираше за Законот за индустриски емисии како дополнителен контролен механизам на загадувачите, чија изработка е во тек и за кој се очекува во најскоро време да биде објавен на ЕНЕР при што сите заинтересирани страни ќе можат да дадат коментари и препораки,.

На состанокот се разви дискусија за моменталните состојби на повеќе жешки точки во нашата земја, како што се: депонијата во село Лојане, ХИВ Велес, Јегуновце, Топилница Велес и депонијата во Охрид.

IMG-115b21d571e72f7321fe019f5c4bd8ad-V

Се  дискутираше и за Просторниот план на РСМ, при што се спомена изготвувањето новиот Закон за просторно планирање, како и  новиот Просторен план чија изработка е веќе започната. 

IMG-ae1700faad7de5b06c7488ce56293753-V

На состанокот учествуваа и дискутираа Академик Владо Камбовски, претставници од МАНУ, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Центарот за управување со кризи, Македонското здружение на млади правници, Фронт 21/42 и  претставници од повеќе граѓански организации кои работат во областа животна средина.