Оџаклиеска во Атина на Регионален дијалог за намалување на ризици од катастрофи

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, учествуваше на министерската тркалезна маса во рамки на регионалниот дијалог на Европскиот форум за намалување на ризици од катастрофи (EFDRR) кој од 20 до 21 октомври се одржува на тема „Инклузивни и колаборативни системи за управување со ризиците од екстремни температурни влијанија и шумски пожари“, во Атина.

1

Потенцирајќи дека климатските промени можат да го зголемат интензитетот и зачестеноста на природните непогоди, како и се позачестената веројатност за загадување на животната средина при невреме, природни несреќи и катастрофи, заменик министерката Оџаклиеска рече дека неопходно е сите држави да соработуваат на регионално ниво, со цел превенција и управување со ризиците од климатските катастрофи. Меѓународните организации кои ја олеснуваат прекуграничната комуникација, а воедно го прават поуспешно и управувањето со прекуграничните заштитени подрачја, играат клучна улога во овој процес.

IMG_20221022_020215

- Воедно, овој настан дава можност за споделување на драгоцени искуства, идентификување решенија и зајакнување на политичкиот дијалог и соработка, и остварување на заедничките заложби за справување со ризиците и влијанијата од екстремните температури, топлотните бранови и шумските пожари, истовремено забрзувајќи ја имплементацијата на рамката Сендао во регионот, додаде таа.

Оџаклиеска во Атина на Регионален дијалог за за намалување на ризици од катастрофи

Во рамки на учеството на Регионалниот дијалог, заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска имаше билатерална работна средба и со генералниот секретар на Обединетите Нации одговорен за намалување на ризикот од катастрофи, Масурати. 

22

Настанот е во организација на  Владата на Грција со поддршка на Секретаријатот на Европскиот форум за намалување на ризици од катастрофи (EFDRR) и Канцеларијата на Обединетите Нации за намалување на ризикот од катастрофи (UNDRR) и има за цел да овозможи мултилатерален дијалог, размена на искуства и развивање на локално адаптирани политики и акции, како и да ја интензивира и подобри прекуграничната соработка на земјите од  Медитеранскиот регион.