Оглас за работа за Јазичен асистент на ПТС Проектот финансиран од Европска Унија „Поддршка на спроведување на законската рамка за управување со отпад и системот на Проширена одговорност на производителите (ПОП)”

oglas EU

Реф. бр. MK 20 IPA EN 01 22- R

Има потреба од ангажирање нa Јазичен асистент на Постојаниот твининг советник (ПТС)

Твининг проектот „Поддршка на спроведување на законската рамка за управување со отпад и системот на Проширена одговорност на производителите (ПОП)” е заеднички проект помеѓу Република Северна Македонија, претставена од Министерството за животна средина и просторно планирање и Република Унгарија, претставена од Фондацијата „Blue Planet Climate Protection“.

Главна цел на Проектот, којшто е имплементиран од државната институција од Унгарија, е да придонесе кон јакнење на системот на ПОП преку воспоставување на конкретни институционални аранжмани во Северна Македонија.

Проектот бара да ангажира Јазичен асистент на Постојаниот твининг советник (Јазичен асистент на ПТС), чии задачи вклучуваат поддршка на ПТС при координација и управување со Твининг проектот. Проектот започна на 1 декември 2022 година и ќе трае 24 месеци.

Почеток на ангажманот (индикативен): 15 јануари 2023

Јазичниот асистент на ПТС ќе биде ангажиран на полно работно време со договор и ќе биде со работна локација во Скопје. Лица кои имале каков било договор за ангажман во институции на државната администрација во претходните шест месеци во Земјата-корисник – Северна Македонија, нема да бидат земени предвид за оваа позиција.

Јазичниот асистент на ПТС ќе биде самовработен и ќе биде целосно одговорен за плаќање на сите даноци и обврски кои произлегуваат од важечките законски прописи во земјата, вклучително и за придонесите за здравствено и социјално осигурување.

Задачата ќе биде со полно работно време, а договорот ќе биде во сила од датумот на потпишување во текот на целиот период на спроведување на Твининг договорот.

Работното време ќе биде истото кое е во сила во органот на управата на корисникот.

Задачите на Јазичниот асистент на ПТС се:

- Превод и толкување на секојдневна основа;
- Превод на сите документи поврзани со проектните активности (законски прописи, извештаи од мисиите, кореспонденција, презентации на краткорочните експерти – КРЕ, итн.);
- Толкување за ПТС и КРЕ на сите состаноци, работилници, семинари, конференции итн.;
- Обезбедување помош при подготовка на документи поврзани со Проектот;
- Учество на студиската посета и толкување за учесниците од институциите на Земјата – корисничка и за ПТС;
- Помош на ПТС при изготвување на записниците на македонски и англиски јазик од состаноците на Управувачкиот комитет (и од други состаноци /настани) поврзани со Проектот;
- Помош при целокупното канцелариско работење, организирање на состаноци, помош на ПТС и асистентот на ПТС со сѐ што е потребно за непречена работа на проектната канцеларија.

Потребни квалификации на кандидатите:

Јазичниот асистент на ПТС ќе биде избран во согласност со следните критериуми за избор:

Потребни вештини и искуство:

-        Универзитетска диплома, по можност по англиска филологија и/или работно искуство со преводи толкување подолго од три години;

-        Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик и на пишан и говорен македонски јазик;

-        Практично искуство со превод и толкување за меѓународни советници / експерти;

-        Претходно искуство со меѓународно финансирани проекти, на пр. проекти финансирани од ЕУ (Твининг проекти), ќе се смета за предност;

-        Одлични компјутерски вештини (MS Word, Excel, Internet, идр.);

-        Одлични организациски вештини;

-        Силни меѓучовечки и комуникациски вештини.

Кандидатите треба да ја испратат нивната биографија (во формат Еуропас) со мотивациско писмо на англиски јазик на електронската адреса tibor.nemcsek@kbka.orgсо наслов „RTA Language Assistant” до 6 јануари 2023. Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат поканети на интервју.

Документи кои треба да се приложат со скенираната верзија како дел од апликацијата:

-        Диплома за стекнато високо образование;
-        Сертификат за познавање на јазикот (доколку има);
-        Препораки од претходниот работодавач/и (доколку има).

Овој Проект е финансиран од Европската Унија