Нуредни на состанок во Центарот за развој на полошкиот плански регион

Министерот за животна срeдина и просторно планирање Насер Нуредини учествуваше на денешниот состанок Советот за развој на Полошкиот Плански регион. На состанокот, министерот Нуредини информираше дека Законот за задолжување кој што се однесува на заемот од Европската банка за обнова и развој за воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад во државата тековно е во Собранието на РСМ во исчекување да се изгласа од страна на пратениците.

1

Исто така, министерот Нуредини нагласи во рамки на проектот за воспоставување на регионален систем за управување со отпад покрај изградба на трaнсфер станиците и на самите регионални депонии, општините ќе бидат снабдени и со дополнителна техничка опрема, како што се механизација за собирање отпад и контејнери за селекција на истиот.

Според Министерот, со планираните активности регионалните депонии ќе ги задоволат сите европски стандарди и ќе овозможат санирање на сите диви депонии во Полошкиот регион, со што ќе се овозможи граѓаните да имаат чист воздух, да се заштити природата и биолошка разновидност и да се обезбеди чиста вода за пиење.

2

На денешниот состанок, исто така, се дискутираше за иницијативата на Центарот за развој на полошкиот плански регион да започне со активностите за формирање на меѓуопштинско тело за издавање на дозволи и инспекција од областа на животната средина.