Нуредини – Ќе ја градиме регионалната депонија по европски стандарди и со заеднички напори ќе ги решаваме предизвиците

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денес оствари средба со градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски. На средбата се разговараше за изградба на регионалната депонија во општина Новаци на локација до поранешниот рудник за јаглен на РЕК Битола која ќе ги опслужува Пелагонискиот и Југоисточниот Плански Регион.Sredba_Nuredini_Gradonacalni_Novaci

Во рамки на средбата направена е посета на сегашната нестандарна депонија и локацијата на предвидената нова депонија. Разговарано е и за потребата изградба на алтернативен пат до централна регионална депонија со што ќе се спречат негативни влијанија кај граѓаните на општина Новаци и БитолаЌе се финансира со заем на ЕБОР и со грант од Владата на Швајцарија.